Утрински Весник
Свет

Мајорка затвори три улици со кафулиња поради неодговорните туристи

Мајорка затвори три улици со кафулиња поради неодговорните туристи
Dik 300x250 mk

Регионалната влада на Балеарските острови нареди затворање на три популарни улици во Мајорка со цел да стави крај на забавите на странските туристи за да се спречи ширење на коронавирусот.

Мерката беше воведена откако неколку снимки покажаа дека британските и германските туристи се забавуваат без заштитни маски во преполни кафулиња и ноќни клубови, а некои дури и пијани скокале на паркирани автомобили.

„Со оваа мерка, сакаме да го запреме дивјачкото однесување што може да загрози сè што сторивме досега за повторно да се отвори туризмот“, соопшти владата на Балеарските острови.

Балеарските острови – Мајорка, Ибица, Менорка, Форментера и Кабрера – беа првите што добија дозвола од шпанската влада за примање странски туристи.

Шпанија, една од земјите најпогодени од коронавирусот, беше затворена скоро стотина дена. Досега се заразени 257.494 жители, од кои 28.413 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност