Утрински Весник
Македонија

Села: Народот сака промени

Села: Народот сака промени

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска гласаше во струшкото село Ливада.

По гласањето, тој истакна дека политичката партија на власт од албанскиот блок постојано правела притисоци во изминатите денови, а има и информации за многу нерегуларности, уцени, поткуп.

„Денеска, се обидуваат во некои изборни места да направат проблеми. Имаше еден инцидент, ме информираа во Велешта, треба да го прашате командирот на Полициската станица Струга да го пријави инцидентот, а не да го скрие“, рече Села и додаде дека народот сака промена, никој не може да го спречи.

„Промената ќе дојде и граѓаните ќе бидат слободни“, рече Села.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди