Утрински Весник
Свет

Српскиот кризен штаб донесе построги мерки: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српскиот кризен штаб донесе построги мерки: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на јавни места на отворено и затворено.

За време на престојот на јавни места мора да се држи растојание од 1,5 метар, односно минимум четири метри по лице.

Воведени се и построги мерки за маски.

Обврската за носење маски во затворено, што претходно беше на сила во Белград, сега се проширува на цела Србија.

Маските се задолжителни и на отворено каде што не е можно да се обезбеди безбедно растојание од 1,5 метар.

Кризниот штаб исто така препорачува и децата да носат маски.

Построгите мерки стапуваат на сила од петок.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно