Утрински Весник
Свет

Нагло зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус во Австрија

Нагло зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус во Австрија
Dik 300x250 mk

Во Австрија, во последните 24 часа, има драстично зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, дури 133.

Најголем број случаи, 46, се регистрирани во Виена, потоа следуваат Горна Австрија со 30, Долна Австрија со 25 и Штаерска со 20 нови случаи.

Во Долна Австрија појавата на жариште во една кланица предизвика скок на бројот на новозаразени.

Само во провинцијата Форарлберг нема ниту едно новозаразено лице.

Во моментов, според Министерството, има 1.175 активни заболени во Австрија.

Од тој број, 96 се хоспитализирани, 13 повеќе од вчера, а 10 се на интензивна нега.

Забележан е еден смртен случај, така што бројот на починати се зголемил на 710.

Во последните 24 часа беа извршени 7.512 тестирања.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 19.077 луѓе се позитивно тестирани на коронавирус, а 17.175 се излечиле.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка