Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо не излегува од кола за да не го забележат папараците

Ди Каприо не излегува од кола за да не го забележат папараците
Dik 300x250 mk

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо и неговата девојка Камила Мороне беа забележани во вторникот, во посета на продавница за ретки гитари во Тарзана, Калифорнија.

Ѕвездата на „Титаник“ (45) чекаше во автомобилот обидувајќи се да остане незабележан со бејзбол капа, додека неговата девојка, која наполни 23 години минатиот месец, со гитара во рацете претрча до продавница за ретки гитари во долината Сан Фернандо, северно од Лос Анџелес.

Камила беше на воланот на нивниот Волво, додека Ди Каприо ја задржа бејзбол капата California Republic повлечена над лицето.

Нивната врска станува сериозна во услови на самоизолација според магазинот „Пипл“, кој цитира инсајдер: „Лео обично е многу независен, поминува многу време со пријателите, но поради самоизолацијата, претежно минува време со Камила. Тој сака да биде со неа.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив