Утрински Весник
Свет

ЕУ ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на сигурни земји

ЕУ ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на сигурни земји

Земјите-членки на ЕУ решија да ги отстранат Црна Гора и Србија од списокот на трети земји од кои може да се патува во ЕУ без ограничувања. Ваквата одлука е поради зголемениот број на заразени со коронавирус, тврдат дипломатски извори.

По исклучувањето на Србија и Црна Гора, на списокот веќе нема европски земји од кои без ограничувања може да се влезе во ЕУ, освен можеби Грузија, држава чија територија е на границата меѓу источна Европа и западна Азија.

На списокот сега се наоѓаат 13 држави: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Кина, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Тајланд, Тунис и Уругвај.

На состанокот на Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ, имало предлози од списокот да се отстранат и Алжир и Мароко, но ваквата сугестија не добила поддршка.

Земјите-членки на ЕУ решија од 1 јули да ги укинат ограничувањата за влез на нивната територија од трети земји кои имаат слична или подобра епидемиолошка состојба во однос на коронавирусот.

Списокот ќе се ревидира и ажурира на секои две недели според развојот на епидемиолошката состојба. Ограничувањата може да бидат укинати во целост или делумно или повторно да се воведат за земјите во согласност со промените на состојбата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени

Руската морнарица почна со вежби, учествуваат 20.000 луѓе

Нови саботажи: возот од Амстердам мораше да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници