Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс „Брадата“ Харден е позитивен на вирусот Ковид 19, пренесуваат американските медиуми. Двајцата најдобри играчи на „Ракетите“, Харден и Вестбрук не отпатуваа за Орландо со своите соиграчи.
Останува отворено прашањето дали „Брадата“ ќе може да му помогне на својот тим до крајот на сезоната.
Харден е 30-годишен, а во Хјустон е од 2012 година. Дојде од тимот на Оклахома. Пред 2 сезони беше прогласен за МВП на НБА лигата.
Осумпати досега бил дел од Ол-стр викендите и петпати се нашол во најдобрата петорка на лигата
Претходно и за неговиот соиграч, Расел Вестбрук стигна веста дека е позитивен на коронавирусот.
Вестбрук позитивен на Ковид-19