Утрински Весник
Македонија

Се бара со потерница експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Се бара со потерница експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Експретседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски се бара со национална потерница која ја распиша МВР по наредба на Основниот суд во Велес. Ова следува откако во петокот, полицајците не успеаа да го пронајдат Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи.

„Панчевски Владимир, од татко Здравко , мајка Цвета, роден на 01.05.1974 во Скопје, со живеалиште на ул.Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Велес К бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело- “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.2 од КЗ“, пишува на сајтот на МВР.

Полицијата го барала Панчевски во петокот, но тој не бил достапен за органите на прогонот. Тогаш, тие испратиле допис до СВР Велес, од каде пак, го известиле судот кој дописот го добил денес.

На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Британски и американски документи за македонската победа над фашизмот: Македонското партизанско движење попрво е националистичко, отколку комунистичко

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!