Компаијата „Адријатик Маринас“ од Тиват претстави недвижнини од комлексот наречен „Бока Плејс“, дел од луксузната туристичка населба Порто Монтенегро. Странците со купувањето на квадрат за станови и бизнис простории, како подарок ќе добијат и црногорско државјанство, пренесе „Блиц“.
Изградбата на овој комплекс ќе почне кон крајот на годината, а цената на становите ќе чини од 190.000 до 347.000 евра, додека цените за трособен луксузен апартман не е објавена во брошурата и ќе ги добијат заинтересираните клиенти во директен контакт.
Минималната инцестиција за добивање на црногорски пасош е 450.000 евра.
Станува збор за давање државјанство поради „реализација на посебна програма за инвестиции од особено значење за економскиот интерес на Црна Гора“, која меѓу странските инвеститори во Црна Гора е позната како ЦБИ (државјанство поради инвестиции).
Сите странци кои, како што се наведува, исполнуваат претходно дефинирана обврска кон државата, имаат можност да купат недвижен имот.