Утрински Весник
Свет

Подобрена епидемиолошката состојба во Босна и Херцеговина

Подобрена епидемиолошката состојба во Босна и Херцеговина
Dik 300x250 mk

Во Босна и Херцеговина се потврдени 90 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Тоа е за две третини помалку отколку на крајот на минатата недела, кога е забележан рекорден трицифрен дневен раст на бројот на новозаразени.

Институтите за јавно здравје соопштија дека во изминатите 24 часа биле тестирани 561 примерок, од кои вирусот е потврден кај 71 лице во БиХ, а во 19 лица во Република Српска.

Пријавени се четири нови смртни случаи, еден во Република Српска и три во БиХ, пренесува „Хина“.

Претходно секој ден имаше повеќе од 300 нови случаи на коронавирус во БиХ, а вчера тој број беше преполовен.

Со новите случаи, вкупниот број на заразени во БиХ сега е близу 7.000, а починаа повеќе од 220 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка