Утрински Весник
Спорт

Бартомеу го потврди тренерот за наредната сезона

Бартомеу го потврди тренерот за наредната сезона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на Барселона Кике Сетиен и наредната сезона ќе седи на клупата на славниот клуб. Дека тренерот ќе остане во Барселона потврдил претседателот на клубот Џозеп Марија Бартомеу во разговор за „ТВ3“.

„Сетиен ќе го води тимот во Лигата на шампионите. Тој има намера да биде тренер и наредната сезона, а наша обврска е да го почитуваме договорот што го потпишавме“, рекол Бартомеу.

Сетиен кон крајот на јануари го наследи Ернесто Валверде, меѓутоа со постигнатите резултат, а особено со она што го прикажува тимот не ги исполни очекувањата.

Шпанските медиуми долго време шпекулираат дека Сетиен по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. Медиумите дури и лицитираат со имињата на оние кои би можеле да го наследат: Чави, Маурицио Покетино, Роберто Мартинез, Роналд Куман и тренерот на Б тимот на Барселона Хавиер Гарсија Пимиента.

Барселона се наоѓа на второто место во Примера со бод и натпревар повеќе од Реал, а во Лигата на шампионите во август ќе го одигра осмина-финалниот реванш со Наполи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место