Утрински Весник
Македонија

Гласале 723 лица заболени од ковид и во самоизолација

Гласале 723 лица заболени од ковид и во самоизолација

Вкупно 723 лица кои се заболени од ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација гласале денеска.

Како што информираше претседателот на ДИК, Оливер Дерковски било утврдено дека треба да гласаат 759 лица.

„Разликата што се јавува во бројките кои ги соопштивме претходно е од причина што одлучувавме и прифативме одредени приговори од граѓани“, појасни Дерковски.

Додаде дека гласачките места во следните денови ќе бидат безбедни и ги повика сите граѓани да излезат и да го остварат нивното гласачко право.

Од ДИК образложија дека ливчињата од гласањето денеска и утре остануваат запечатени во пликоата, кои се наоѓаат во гласачките кутии. Велат дека не постои начин да се отворат овие ливчиња и да се провери кој за кого гласал, до завршувањето на изборниот процес.

Утре гласаат болните и немоќните, како и лицата во казнено-поправните установи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ