Утрински Весник
Спорт

Од страв да не се зарази одбил да го водат тимот, веднаш добил отказ

Од страв да не се зарази одбил да го водат тимот, веднаш добил отказ

Тренерот на фудбалскиот клуб Партизани од Албанија, Адолфо Сормани и двајца негови помошници добиле отказ откако одбиле да го водат тимот на натпреварот против Тирана.

Сормани и неговите двајца помошници Џовани Мацело и Габриеле Фачио не сакале да седната на клупата откако неколку часа пред почетокот на натпреварот било објавено дека петмина фудбалери на Партизани биле позитивни на коронавирусот.

Тие не сакале да ризикуваат да бидат заразени, поради што веднаш добиле отказ.

Четвртиот член на стручниот штаб Реналдо Калари се согласил да го води тимот против Тирана (1:1) и тој ќе биде тренер на Партизани на преостанатите три натпревари во сезоната.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари