Утрински Весник
Свет

Во Србија 12 починати од Ковид-19, рекорден број пациенти се на респиратори

Во Србија еден од најлошите денови, со 357 заразени, но Вучиќ се откажува од полициски час

Во последните 24 часа 6.915 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, а 279 од нив биле позитивни. Починале 12 лица.

На респиратори во моментов има 154 пациенти, што е најголем број од почетокот на епидемијата во земјата.

Во текот на вчерашниот ден бројот на новозаразени во Србија се намали (вчера имаше 287) во однос на претходниот ден, но една од причините за помалиот број беше намалената бројка на тестови во споредба со претходните недели, информираат српските медиуми.

Како што пишува „Блиц“, односот на бројот на позитивни со бројот на тестирани доживеал експлозија, надминувајќи седум проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести