Утрински Весник
Свет

Осум нови случаи на коронавирус во Словенија

Осум нови случаи на коронавирус во Словенија

Во последните 24 часа, во Словенија беа потврдени осум нови случаи на коронавирус, врз основа на 440 тестирани примероци.

Така, вкупниот број заразени лица во земјата се зголеми на 1.849, пренесува СТА.

Нема смртни случаи во последните 24 часа, а 111 луѓе починаа од почетокот на епидемијата.

Во Словенија во моментов има 265 активни случаи на коронавирус, а во болниците има 17 пациенти.

СТА потсетува дека избувна помало жариште во градот Храстник минатата недела, како резултат на голема приватна прослава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела