Утрински Весник
Свет

Кина забрани влез за неколку американски официјални лица

Кина забрани влез за неколку американски официјални лица

Официјален Пекинг објави дека ќе забрани влез за кинеските сенатори Марк Руби и Тед Круз на територијата на Кина.

Забраната се однесува и на конгресменот Крис Смит и амбасадорот за верска слобода Сем Браунбек поради критикување на политиката на владејачката Комунистичка партија кон малцинствата и верниците, објави АП.

Претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Џунинг, оцени дека американските активности сериозно ги нарушиле кинеско-американските односи и дека Пекинг е решен да го зачува националниот суверенитет на Кина од надворешно мешање во домашните политички прашања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот