Утрински Весник
Магазин

Сем Хјуган повеќе не е најубедлив фаворит за нов 007

Сем Хјуган повеќе не е најубедлив фаворит за нов 007

Шансите за ѕвездата на „Странец“ (Outlander) Сем Хјуган да биде следниот Џејмс Бонд се намалени, но сепак тој останува во игра со уште двајца Шкоти, фаворити за улогата на славниот таен агент .

Според последните анкети, фановите на Бонд гласаат за шкотски актери како нивни фаворити, што би резултирало во прв 007 од Шкотска по легендарниот Шон Конери.

Анкетите покажуваат дека шансите на Сем Хјуган се намалија од 3-1 на 5-2, пренесува шкотски „Сан“.

Букмејкерот „Корал“ го смести Сем меѓу фаворитите со британскиот актер Џејмс Нортон, кој води 6-4.

Шкотските актери Ричард Мејден и Џек Лоуден, исто така, се натпреваруваат за улогата со резултат од 6-1 и 8-1.

Даниел Крејг ќе се повлече од улогата Џејмс Бонд по најновиот „Не е време за умирање“ (No Time to Die) чија премиера е одложена за подоцна оваа година поради пандемијата на короновирус.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста