Ќерката на еден од двајцата полицајци убиени во заседа викендовво Меклен, Тексас, беше жестоко нападната на Твитер за објавување на хаштагот #bluelivesmatter како трогателно оддавање почит на својот починат татко, пренесува „Њујорк пост“.
Савана Чавез, ќерка на убиениот полицаец Исмаил Чавез (39), го објавила сега веќе избршаниот твит во саботата, истиот ден кога нејзиниот татко и неговиот колега од Мекален, Еделмиро Гарза (45), беа убиени на повик за домашно насилство.
„Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам, но мило ми е што татко ми е сега во мир. Беше прекрасен човек и тоа го знаеше секој што те запознал. Многу ќе ми недостигаш. Умре правејќи го она што најмногу го сакаше, умре како херој. Те сакам тато, ќе се видиме наскоро. #bluelivesmatter”, напишала Савана во твитот.
Твитот бил објавен доволно долго за да предизвика сочувство и почит, но и омраза.
„Да се биде полицаец е избор. И последниот пат кога проверив, сините луѓе не постоеја. Можеби да се едуцирате?“, твитна еден корисник.
Друг корисник, кој се идентификувал како средношколец, додал: Жал ми е за твојата загуба, но не мора да употребиш расистички хаштаг“.