Утрински Весник
Свет

Триесетгодишен маж починал од вирусот откако бил на „Ковид забава“ во Тексас

Во Србија еден од најлошите денови, со 357 заразени, но Вучиќ се откажува од полициски час

Триесетгодишен пациент починал откако присуствувал на „Ковид забава“, сметајќи дека вирусот е измама, изјави медицински службеник во Тексас.

„Пред смртта, пациентот ја погледна медицинската сестра и ѝ кажа: ‘Мислам дека направив грешка, мислев дека ова е измама, но не е’“, рече д-р Џејн Еплби, од Методистичката болница во Сан Антонио.

Еплби рече дека не сака со ова да предизвикува паника, туку само се обидува да сподели неколку примери од реалниот свет за, како што кажа, да ѝ помогнеме на нашата заедница да сфати дека овој вирус е многу сериозен и лесно се шири.

Таа објаснила дека „Ковид забава“ е собир што го приредува некој кај кој е дијагностициран коронавирусот за да види дали вирусот е вистински и да види дали некој ќе се зарази.

Докторката рекла дека била поттикната да го сподели овој случај откако бил забележан пораст на заболени. Таа кажала дека меѓу хоспитализираните има и лица на возраст од 20 до 30 години.

„Ве молам носете маски, останете дома, избегнувајте групирање и миејте ги рацете“, апелирала таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан