Утрински Весник
Свет

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином, посочува организацијата „Кребшилфе“.

Во изјавата за весникот „Аугсбургер Алгемајне“, претседателот на „Кребшилфе“, Герд Нетековен, предупреди за потенцијални фатални последици.

„Кребшилфе“ е загрижен затоа што одложувањето во многу случаи не било медицински оправдано.

Според организацијата, околу 50.000 онколошки операции биле одложени до средината на јуни.

Исто така, мерките за поддршка на пациентите со онколошки заболувања, од психосоцијална поддршка до палијативна медицина, се максимално намалени.

Од  „Кребшилфе“ велат дека им  се јавиле пациенти чие испитување е одложено по операцијата, што, според Нетековен, може да има фатални последици.

Ваквото однесување може да доведе до животна опасност за пациентите со дијагностициран карцином, истакна тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони