Утрински Весник
Свет

Австрија: Пад на бројот на заразени од коронавирус, 51 нов случај

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 51 нов случај на инфекција со коронавирус.

Вчера, бројот на новозаразени лица беше во трицифрен и последниве денови постојано осцилира, но треба да се има предвид дека има помалку тестови за време на викендите.

Најголем број новозаразени има повторно во Горна Австрија со 25, а потоа следува Виена со 19.

Во Корушка, Салцбург, Бургенланд, три од деветте покраини, немало нови инфекции.

Според податоците на Министерството за здравство, во Австрија има 1.240 активни заболени.

Од почетокот на епидемијата, за коронавирус се позитивно тестирани 18.551 лица во Австрија, од кои 17 000 се излечиле.

Во моментов, 82 лица се хоспитализирани, од кои осум се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, во Австрија се спроведени 700.616 тестови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела