Утрински Весник
Македонија

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Вработен во МВР станал и советник во општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два автомобили и камион.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 20 и 35 часот, на место викано „20-ти километар“ помеѓу автомобил „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од возач кој избегал, камион „даф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(61) од село Булачани, скопско и уште еден автомобил „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Е.К.(50) од Штип.

Во незгодата, со повреди се здобиле 11 мигранти, 10 од Пакистан и еден од Авганистан, кои се превезувале во патничкото возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, Е.К. и Т.К.(85) од Штип, совозач во патничкото возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час