Утрински Весник
Свет

Се урна авион во Русија, едно лице загина

Се урна авион во Русија, едно лице загина

Едно лице загина, а едно е тешко повредено кога се урна авион „антонов Ан-2“ во регионот Нижни Новгород.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, несреќата се случила во 4:10 по локално време, а две лица биле во авионот во моментот на несреќата, пренесува ТАСС.

Според првичните податоци на истрагата, несреќата најверојатно се случила кога авионот удрил во далноводот и се запалил. Едно лице починало на лице место, а другиот повреден е пренесен во болница со изгореници што зафатиле 50 проценти од неговото тело.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел