Утрински Весник
Свет

Трамп сакал да го продаде Порторико по разорниот ураган

Трамп сакал да го продаде Порторико по разорниот ураган
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По катастрофалниот ураган Марија во Порторико, американскиот претседател Доналд Трамп разговарал за идејата за продажба на овој остров во 2017 година, откри за Њујорк Тајмс, Елејн Дјук, поранешна заменик началничка за национална безбедност, јави Си-ен-ен.

„Неговите идеи се посоодветни за бизнисмен отколку за претседател“, рекла таа.

Додала и дека продажбата на Порторико никогаш не била сериозно разгледувана откако Трамп ја предложил идејата.

Речиси три илјади луѓе ги загубија животите како резултат на невремето во 2017 година, а ширум остовот беше уништена мрежата за пренос на електричана енергија.

Трамп претходно ги обвини локалните власти во Порторико за злоупотреба на пари обезбедени од неговата администрација, а во ноември 2018 година Белата куќа го извести Конгресот дека претседателот не сака да испрати дополнителни средства за санација на штетите.

По невремето, Трамп негираше каква било грешка на неговата администрација и побара пофалби за реакцијата по ураганот Марија, оценувајќи дека станува збор за неверојатен и неоспорен успех.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони