Утрински Весник
Спорт

Реал ја чека „Старата дама“ Лука Јовиќ да го носи во Торино?

Реал ја чека „Старата дама“ Лука Јовиќ да го носи во Торино?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секојдневно се појавуваат нови информации околу тоа каде српскиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Лука Јовиќ би можел да ја продолжи кариерата. Цената е позната, 35 милиони евра.

Милан е прва опција, се појави Лестер, во него гледа замена или тандем за Варди, а Арсенал би тргнал по Србинот како евентуална замена за Обамејанг.

Јовиќ зад себе има очајна сезона.

Иако Зидан повторува дека не сака да го пушти, претседателот на Реал, Перез по се изгледа сака да си врати дел од вложените (60 милиони евра) пари за напаѓачот.

Шпански портал тврди дека Реал Мадрид го чека Јувентус, со кој има одлични релации. Јуве бара класичен напаѓач, го сака Милик од Наполи, но Наполи ја затегнува работата.

Раул Хименез и Траоре се прескапи, па наводно Јовиќ би бил решение.

Дали постои таква можност ќе видиме, а во Реал се чини созрева одлуката да се откажат од српскиот фудбалер по само една сезона.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов