Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Гласајте за бројот 9, за достоинствен премиер за сите граѓани

Ахмети: Гласајте за бројот 9, за достоинствен премиер за сите граѓани

Цетралниот Изборен Штаб на Демократската Унија за Интеграција во рамките на изборната кампања за Предвремените Парламентарни избори 2020 кои ќе се одржат на 15 јули каде граѓаните ќе можат да ги изберат пратениците кои се на листите и кои ќе ги претстават во новиот парламентарен состав во Република Северна Македонија, престојуваше во Охрид.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети пред граѓаните и симпатизерите од Охрид рече дека кампањата започна од Преспа и завршува во Охрид за да даде порака.

„ Во овој град се постигна договор кој на земјата и овозможи иднина, развој и помирување. Се постигна договор без кој земјата ќе одеше во погрешна насока затоа што заедниците ќе се поделеа. Од овој Договор зависеше и иднината бидејќи се направи големо дело за што потрошивме наша енергија за овој Договор да се постигне во многуте средби како што беа низ целиот свет. Ова се постигна благодарение на соработката и јас не сум неблагодарен за придонесот на другите затоа што работите треба да ги направиме заедно”, истакна Ахмети.

Во продолжение на неговиот говор, Ахмети подвлече дека со членството во НАТО земјата стана посигурна и може да се постигне и развојна економија.

„ Членството во НАТО е во прилог и на регионот бидејќи имаме побезбеден и поиздржлив развој. Овој завршен собир се одржува во Охрид, како потсетување и посветување на Охридскиот Договор со што симболиката е во тоа што овој документ има големо и посебно значење со што придобивка имаа сите заедници. Заедниците се претставени со културата, јазикот и националните симболи. Со окото на пријателот нè гледаат малите заедници и тие треба да се ослободат од предрасудите дека некој може да ги фаворизира или од тоа дека некој може да им ги одзема правата”, истакна Ахмети.

Претседателот на ДУИ даде до знаење дека сега веќе е отворено ново поглавје каде заедно треба да ги градиме политиките бидејќи осамени ниту една страна не може да ја однесе земјата напред.

„ Ги отворивме преговорите за членство во ЕУ. Имаме уште многу работа исполнувајќи ги стандардите кои не доближуваат со Европа и овие работи се постигнуваат оставајќи ги настрана групните и личните интереси, и тоа исполнувајќи го владеењето на правото, спроведувањето на Ветингот во сите институции. Јас сум оптимист дека овие прашања можат да се постигнат бидејќи имаме кадар и кој има повеќе од ДУИ што има спремено национално богатсво”, истакна Ахмети.

На крај на неговиот говор Претседателот на интегративците, Ахмети ги повика граѓаните на Охрид на 15 јули да излезат и да гласаат заокружувајќи го бројот 9.

„ Покажете кои сте и колку вредите. Ве повикувам како браќа на 15 јули да се испее новата песна, заедно да ја прославиме првата победа за премиерот Албанец кој сите ќе не зближи и обедини. Достоинствен претставник за сите граѓани на ова земја”, заврши Ахмети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Костадинов: Општина Струмица е подадена рака на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Сообраќајка на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот е во прекин

Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик не може да е ново лице во СДС