Утрински Весник
Спорт

Ачерби сакал физички да се пресмета со клупскиот лекар

Ачерби сакал физички да се пресмета со клупскиот лекар

Жестоко било во соблекувалната на Лацио по неочекуваниот пораз од Сасуоло (1:2). Франческо Ачерби се обидел физички да се пресмета со медицинскиот тим.

Лацио игра катастрофално откако сезоната продолжи по паузата од три месеци. Во март Лацио имаше само еден бод помалку од Јувентус, а по третиот пораз во низа прашање е и дали ќе го освојат второто место.

Поразот од Сасуоло ги влошил односите во соблекувалната. Ачерби еден од најважните играчи во тимот најпрвин влегол во вербална расправија со докторот Иво Пулцини, а потоа се обидел и физички да се пресмета со него и со членовите на неговиот тим.

Како што пишува „Спортмедиасет“ во расправата се вклучиле и други фудбалери.

Ачерби бил лут поради честите повреди што му се случуваат на Лацио во последните неколку денови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Автомобилско шоу на Пониква – изложба на двесте автомобили

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка