Утрински Весник
Спорт

Де Бјази нов селектор на Азербејџан

Де Бјази нов селектор на Азербејџан

Италијанецот Џани Де Бјази е нов селектор на фудбалската репрезентација на Азербејџан.

Де Бјази беше без ангажман од 2017 година кога доби отказ на тренерската позиција во Алавес.

Со името на Де Бјази е поврзан најголемиот успех во историјата на албанскиот фудбал. Тој најпрвин ја однесе Албанија на ЕУРО 2016, а таму во групата успеа и да ја победи Романија (1:0).

Де Бјази во кариерата тренирал голем број на клубови меѓу другите Удинезе, Торино, Бреша, СПАЛ, Леванте…

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk