Утрински Весник
Спорт

Нов шок за Лацио, Сасуоло ги однесе бодовите од Рим (Видео)

Нов шок за Лацио, Сасуоло ги однесе бодовите од Рим (Видео)

Фудбалерите на Лацио направија уште еден кикс во Серија А. Во 32 коло Сасуоло славеше во Рим со 2:1. Лацио остнаа без шанси за шампионската титула, а до крајот на сезоната ќе треба да се борат за второто место со Аталанта и Интер.

Натпреварот започна со деби голот на 18 годишниот напаѓач на Сасуоло Распадори. Меѓутоа неговиот гол во десеттата минута го поништи ВАР.

Лацио се закани веднаш преку Луис Алберто, кој беше непрецизен од добра позиција. Шпанецот постигна гол за водство на лацио во 33 минута.

Во вториот дел Распадори постигна гол кој не му беше поништен. Голот за 1:1 е деби гол за младиот напаѓач во Серија А.

Целосен шок фудбалерите на Лацио доживеаја во 91 минута кога Капуто го совлада Страхоша.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата

ЗОИ 2026: Прво олимписко злато за Шпанија