Утрински Весник
Македонија

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава која ја изгуби битката со коронавирусот.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, објаснува дека девојката немала претходни хронични заболувања и дека нејзината состојба нагло се влошила.

„ Девојката била болна една недела пред да биде примена на клиниката. Имала покачена температура, малаксалост и отежнато дишење. Откако се јавила кај матичниот лекар, ѝ биле давани инфузии, но состојбата не се подобрувала. Поради тежината на клиничката слика, по четири дена, беше префрлена кај нас, со ниска сатурација и отежнато дишење. Одредено време имаше подобрување. Потоа состојбата нагло се влоши и таа почина како резултат на јако попуштање на срцето и белодробна тромб емболија. И покрај преземените мерки за лекување во тесна соработка со кардиолог, пациентката подлегна на болеста“, вели Стевановиќ, додавајќи дека ги примениле сите можности за лекување.

Таа појаснува дека ова е прв случај да настапи смрт кај млад човек како последица на јако попуштање на срцето и белодробна тромбемболија, нешто што се случува најчесто кај постарите пациенти, дотолку повеќе што девојката немала хронични заболувања.

Токму од тие причини, а со цел да се направи обид да не се повтори нешто слично, докторите од Инфективната клиника доколку добијат согласност од семејството, би направиле дополнителни анализи и испитувања за да утврдат зошто настапила смртта кај толку младо лице, како последица на Ковид-19.

Во последниве 24 часа од коронавирусот починаа 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Досега во земјава се регистрирани 376 смртни случаи како последица на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Завршува конкурсот за прием во студентски домови за студентите од втора до шеста година и апсолвенти

Во прекин патниот правец с.Пирава – с.Јосиво, Валандовско

Прв панел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“