Утрински Весник
Свет

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Словенија: Рекорден број заразени од средината на април

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19.

Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран рекорден број на новозаболени од почетокот на пандемијата.

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани 140 нови случаи на заразени со Ковид-19, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.088 лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на коронавирус, досега се евидентирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 заздравеле. Вчера Хрватска имаше регистрирано 116 случаи на новозаболени.

Здравствените власти во Босна и Херцеговина јавија за рекордни 316 случаи на заразени, што е зголемување во споредба со еден ден порано, кога беа регистрирани 310 новозаболени.

Нови 93 случаи, шестмина оздравени и четворица починати, е билансот од последното деноноќие за состојбата со Ковид-19 во Албанија.

„Од направените 420 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93 од нив, што е највисока бројка од појавата на панедмијата на почетокот на март, од кога се направени 31.933 тестови“, велат од албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Состојбата со денови е алармантна и во Србија каде пред два дена имаше 266 новозаразени, а денес бројката изнесува 345.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД