Утрински Весник
Магазин

Де Ниро одбива да го зголеми кредитниот лимит на поранешната сопруга

Де Ниро одбива да го зголеми кредитниот лимит на поранешната сопруга
Dik 300x250 mk

Роберт Де Ниро тврди дека претрпел голем финансиски удар како резултат на пандемијата на коронавирус.

Холивудската легенда проговори за финансиите на суд откако неговата поранешна сопруга Грејс Хајтауер побара итен судски налог за зголемување на нејзиниот месечен кредитен лимит од 50.000 на 100.000 долари.

Тој се појави на суд преку Скајп, а неговите адвокати изјавија дека го преполовил лимитот на кредитните картички, откако синџирот ресторани Нобу и хотелот Гринвич – во кои има удели – се затворени или делумно затворени неколку месеци среде глобална здравствена криза.

Неговата адвокатка Керолин Краус му рече на судијата дека синџирот на ресторани изгубил 3 милиони долари во април и дополнителни 1,87 милиони долари следниот месец.

Таа додаде дека во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер од 2004 година јасно стои дека тој треба да плаќа 1 милион долари годишно ако заработува 15 милиони долари или повеќе, а неговите плаќања ќе се намалат пропорционално со неговите приходи.

“Во најдобриот случај, г-дин Де Ниро ќе има среќа ако заработи 7,5 милиони долари годинава.“

Таа додаде дека 76-годишниот актер драматично го намалил трошењето, истовремено укажувајќи на одложениот филмски проект кој требаше да се снима ова лето пред пандемијата.

Судот во Менхетн донесе привремена пресуда, дозволувајќи му на Де Ниро да го задржи лимитот на кредитна картичка на неговата поранешна сопруга на 50.000 УСД.

Сепак, тој ќе треба да плати 75.000 долари за да ѝ помогне да најде летен дом за нивните две деца, додека тој и неговите други деца остануваат во неговата хациенда од три засебни куќи.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)