Утрински Весник
Спорт

Марко Вујин потпиша 2-годишен договор со европскиот шампион Вардар

Марко Вујин потпиша 2-годишен договор со европскиот шампион Вардар
Dik 300x250 mk

Се уште актуелниот европски ракометен шампион, Вардар денеска потпиша двегодишен договор со искусниот српски интернационалец, Марко Вујин.

„Српскиот интернационалец Марко Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар. Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува во нашиот тим“, се вели во соопштението на РК Вардар.

Вујин минатата сезона го носеше дресот на Спортинг Лисабон, а претходно 7 години беше дел од германски Кил.

Вардар вчера ги претстави и двајцата македонски репрезентативци во екипата, Гоце Георгиевски и Филип Талески.

Искусното десно крило потпиша договор со Вардар до 2022 година, додека левиот бек потпиша договор на една година.

Претходно Вардар како засилувања ги потврди и Анте Гаџа, Јосип Векиќ и голманот од Франција, Робин Кантегрел.
Вардар подготовките за новата сезона ќе ги започне на 18 овој месец.

Фото: ФБ на РК Вардар

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата