СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека се неспособни ништо да изградат, велеат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ваквиот став го поткрепуваат со тврдење дека на актуелната власт ѝ требале две години само за да ги пушти автопатиташта што ги изградила претходната влада.
„Станува збор за Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица, каде уште без срам играа чочек во тунел. Три години еден метар асфалт не ставија на автопатот Кичево – Охрид и редица други директни показатели на нивното неработење“, се наведува во партиската реакција,
Во неа се додава дека тоа што Спасовски сега пред избори се слика и помпезно најавува проекти, не поминува кај граѓаните, бидејќи тие виделе дека СДСМ ништо не направил.
„Народот на овие избори поддршката ќе ја даде на Обновата, затоа што во неа се предвидени 1.000 конкретни и остварливи проекти, како изградба на автопат до Битола и експресен пат до Меџитлија, доизградба на автопатот од Кичево до Охрид, доизградба на експресните патишта кои СДСМ не беше способна да ги направи и реконструкција на над 1.000 километри магистрални, регионални и локални патишта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.