Германскиот центар за анализи и стратегија за илегална миграција (Гасим) тврди дека крумчарите на луѓе во Северна Африка активно ги следат бродовите на НВО за транспорт на мигранти и ги испраќаат мигрантите кон нив, се вели во извештајот објавен на нивната веб-страница.
Агенцијата, со седиште во Потсдам, анализира информации за илегалната миграција и шверцот за неколку федерални власти, вклучувајќи ги федералната Канцеларија на криминалистичката полиција, федералната полиција, федералната Канцеларија за миграција и бегалци и федералната Канцеларија за заштита на Уставот.
Интерниот извештај на Гасим, до кој дошол германски „Ди велт“, тврди дека криумчарите во Либија се свесни за враќањето на НВО за транспорт на мигранти во либиската зона за пребарување и спасување (САР) во последните неколку недели.
„Во присуство на невладините бродови, забележани се концертирани поаѓања од Либија. Според бегалците и мигрантите, криумчарите ја користат функцијата за следење на разни веб-страници за да ја утврдат локацијата на бродовите на НВО и во поединечни случаи ги контактирале користејќи сателитски телефон“, се наведува во извештајот.
Извештајот ги поткрепува претходните обвинувања на италијанските обвинители во 2017 година дека невладините организации работеле директно со криумчарите на луѓе во Либија за да им помогнат при транспортот на мигрантите во Европа.
Од Гасим велат дека бродовите на НВО донеле повеќе од две третини од мигрантите кои пристигнале во првите два месеци од годинава, пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус, во Италија и на Малта.
Во првите два месеци, бројот на мигранти во Италија се зголеми за 948 отсто во однос на претходната година кога популистичкиот сенатор Матео Салвини беше министер за внатрешни работи на Италија и спроведе строга политика за исфрлање на бродовите на НВО од италијанските пристаништа.
Извештајот на Гасим тврди дека многу мигранти се обиделе да преминат во Европа дури и без присуство на бродовите на НВО.
„И покрај отсуството на бродовите на НВО, повеќе од 800 мигранти сами стигнаа на италијанскиот остров Лампедуза на крајот од април / почетокот на мај или беа земени од туристички и комерцијални бродови во зоната на малтешки САР“, велат тие.