Утрински Весник
Македонија

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

Очајници прават очајнички потези, напиша заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев, за откриен случај за поткуп на гласачи во Штип. Таа вели дека Чулев намерно не споделува клучни информации од истрагата и дека не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал.

„Во врска со фејсбук објавата на техничниот министер Чулев, а во интерес на објективно известување на јавноста поврзано со извршениот претрес во објекти во Штип за наводен поткуп Чулев намерно или заради отсјајот не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже“, напиша Петровска на „Фејсбук“.

Срамно е, додава таа, да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини, особено кога истрагата е во тек, што впрочем е напишано и во известувањето до ОЈО.

„Известувањето во кое е наведено дека не се спомнува ниту една политичка партија, а е доставено до ОЈО е потпишано и од началникот и од дополнителниот начлник на СВР Штип. Со ова очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели“, напиша Петровска.

Таа ги повика, како што напиша, професионалните и чесни припадници на Министерството да не подлегнуваат на партиските притисоци и секој сомнеж за кривично дело да го докажат во соодветна постапка со соопштување на факти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско