Утрински Весник
Спорт

Кин: Тотенхем без Кејн е просечен тим

Кин: Тотенхем без Кејн е просечен тим

Рој Кин, легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, во анализата на натпреварот што го одиграа Борнмут и Тотенхем уште еднаш го нападна менаџерот на Спарс, Жозе Мурињо.

Тотенхем, вчера, кај екипата која грчевиот се бори за опстанок во Премиерлигата, одигра натпревар без голови.

„Тотенхем беа очајни, нивните ривали покажаа поголема желба. Претходно Спарс играа кај Шефилд и таму воопшто не се бореа. Тоа е сѐ до ДНК , секогаш можат да ве разочараат. Табелата не лаже, деветти се, точно каде и што требаат да бидат“, рекол Кин.

„Кога ќе го тргнете Кејн од тимот, Тотенхем се наоѓа во огромни проблеми, тоа е просечен тим. Ми делува како играчите веќе да заминале на одмор. Мурињо има големи грижи, неговата екипа изгледа шокантно. Може да го теши само тоа што од ова не можат да бидат полоши“, заклучил Кин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење