Утрински Весник
Македонија

Обвинение за скопјанец кој во автомобилот носел автоматска пушка

Обвинение за скопјанец кој во автомобилот носел автоматска пушка

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против едно лице за неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи.

Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм и 60 куршуми муниција за ова оружје. Покрај тоа, тој со себе носел и друго огнено оружје за кое не поседувал дозвола – пиштол марка Smith Wesson со калибар 9 мм и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште.

Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му ја продолжи определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да го повтори делото.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче: Власта не покажа никаква одговорност за Кочани – јас поднесов оставка, а Владата падна после пожарот во Тетово

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца… имате ли срце?

Заменик- министерката Трајков порача: Да го реализираме сонот за европска Македонија