Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје.

Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, краделе велосипеди од подруми и станови на подрачјето на Скопје, по што ги продавале кај Х.К.(53), кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови.

Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.

МВР ги повикува сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 09  до 15 часот за препознавање на велосипеди.

Против тројцата осомничени се поднесени кривични пријави.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ивановски: На Македонија и треба широк опозициски фронт

Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување  

„Платвормата 12:05“: Македонија старее, младите се иселуваат, политиката ги разочара граѓаните