Утрински Весник
Свет

Балканската рута повторно оживеа: Мигрантите носат и дрога, рации низ целата БиХ

Балканската рута повторно оживеа: Мигрантите носат и дрога, рации низ целата БиХ

Најновата акција на Федералната полициска управа, во која е уапсен дилер од Сараево, од кого купувале дрога главно државјани на Алжир, Мароко и Пакистан, е уште една потврда дека мигрантите кои доаѓаат во БиХ со себе носат бројни безбедносни проблеми и дека Балканската рута е повторно оживеана, пишува во сараевски „Дневни аваз“.

Тоа се лица кои нелегално влегле на територијата на БиХ, односно нелегални мигранти.

Полицијата на Унско-санскиот кантон открила и одредена количина на дрога од разни видови во последните десет рации во мигрантските кампови Бира, Липа, Мирал.
Повеќето мигранти доаѓаат од Пакистан, а потоа следат Бангладеш, Ирак, Авганистан, Иран, Сирија …

Мигрантите од Пакистан и Авганистан со себе носат посебен безбедносен аспект, затоа што, според извештајот на Стејт департментот, овие две земји се прогласени за најголем светски производител и дистрибутер на дрога.

Пакистан е прогласен за еден од најголемите светски транзитни коридори за опијати.

„Опијатите се тргуваат преку порозни граници со Авганистан и Иран. Пристаништата, аеродромите, поштенските услуги и нерегистрираните крајбрежни области на Пакистан овозможуваат дистрибуција на нелегални дроги на глобално ниво. Канцеларијата на ООН за дрога и криминал проценува дека Пакистан е транзитна земја за 45% од опијатите произведени во Авганистан. Истражувањето на оваа канцеларија покажа дека Пакистан има 6,7 милиони корисници на дрога, се наведува во извештајот на Стејт департментот, пишува сараевскиот весник.

Во извештајот се посочува дека дрогата што минува низ Пакистан е наменета за глобалниот пазар, а пакистанските сили се во можност да пресретнат само мал дел. Во 2019 година пакистанските агенции за спроведување на законот тврдат дека раскинале 11 ланци на трговија со дрога. За 10 месеци од минатата година, запленети се приближно шест тони морфиум и хероин, како и 7,9 тони опиум.

Министерот за внатрешни работи на сараевскиот кантон, Исмир Јушко, рече дека речиси не постои кривично дело што мигрантите не го сториле.

„Сведоци сме дека со лицата кои нелегално влегуваат во БиХ, мигранти, доаѓаат бројни безбедносни проблеми. Насилство, поседување оружје, кражба, наркотици, сето тоа доаѓа со мигрантит“, вели Јушко.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени

Руската морнарица почна со вежби, учествуваат 20.000 луѓе

Нови саботажи: возот од Амстердам мораше да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници