Утрински Весник
Магазин

Хелен Хант се рефрешира во Малибу

Хелен Хант се рефрешира во Малибу
Ss2

Оскаровката Хелен Хант ја покажа својата феноменална фигура во црно бикини за време на рифреш натопување во Тихиот океан во Малибу.

Ѕвездата и продуцент на комичната серија „Луд по тебе“ лесно им се спротивставува на своите 57 години во дводелен костим за капење и покрај тоа што никогаш не држи диета и не оди во сала за вежбање.

„Никогаш не одам во теретана. Не сум на диета. Порано, во осумдесеттите, се обидов да воведам режим на исхрана но се чувствував мизерно“ изјави Хелен за списанието Healthy Living пред неколку години.

„Јас сакам да шетам, да трчам и сакам да сурфам, и уживам во јога кога сум на плажа. За мене е религија никогаш да не бидам на диета. Мислам дека диетата ве прави несреќни.“

Во средата, Хант им препорача на своите фанови три романи на британската авторка Зејди Смит – On Beauty (За убавината 2005 ), Swing Time (Време на свинг 2016 ) и White Teeth (Бели заби 2000).

Хант, која може да се пофали со 2.2 милиони следачи на социјалните мрежи, во средата се огласи: „Најздравото и најхранливо нешто што сум го направила од март е читањето на овие три книги.“

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови