Утрински Весник
Спорт

Тиери Анри клечеше 8 минути и 46 секунди (Видео)

Тиери Анри клечеше 8 минути и 46 секунди (Видео)

Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри се приклучи кон борбата на афро-американците во САД за расна еднаквост.

Анри е тренер на Монтреал Импакт. Тој на натпреварот против Њу Ингланд носел маица „Black Lives Matter“ и клечел на едно колено 8 минути и 46 секунди.

Анри, светски и европски првак со Франција му одаде почит на Џорџ Флојд, афро-американец кој пред еден месец почина откако полицаец со колено го притискал неговиот врат речиси девет минути.

Режисерот на преносот од натпреварот свати колку моќна порака испраќа Анри па на почетокот на натпреварот камерите беа фокусирани врз него.

 



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1