Утрински Весник
Магазин

Исчезна актерката Наја Ривера, на бродот пронајден само нејзиниот 4-годишен син

Исчезна актерката Наја Ривера, на бродот пронајден само нејзиниот 4-годишен син
Dik 300x250 mk

Aктерката Наја Ривера исчезна во езеро во јужна Калифорнија, а нејзиниот 4-годишен син беше пронајден сам на бродот.

Полицијата верува дека 33-годишната ѕвезда од серијата „Гли“ се удавила, а потрагата по нејзиното тело е прекината во текот на ноќта и продолжува в четврток. Нејзиниот мал син Хозе Холис Дорси наводно изјавил во полицијата дека мама скокнала во водата и никогаш не се вратила.

View this post on Instagram

I’ll love you forever, I’ll like you for always, as long as I’m living, my baby you’ll be. Happy birthday Josey! Love Mommy ❤️

A post shared by Naya Rivera (@nayarivera) on

Актерката изнајмила брод за да отиде на езерото Пира во средата околу 1 часот попладне. Четири часа подоцна друг брод го нашол нејзиниот син како спие сам на бродот и веднаш била повикана помош. Нуркачи, хеликоптер и беспилотни летала тргнале во потрага по актерката.

ТМЗ пишува дека на бродот била пронајдена нејзината јакна и дека момчето спиело кога го нашле само на бродот. Хозе сега е безбеден и е однесен кај неговото семејство.

View this post on Instagram

just the two of us

A post shared by Naya Rivera (@nayarivera) on

Во својата последна објава на социјалните мрежи Ривера објави фотографија со својот син и напиша: „Само ние двајца…“

Во 2018 година таа и таткото на момчето, Рајан Дорси, се разведоа и оттогаш момчето живее само со неа.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство