Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање на агенции и директорати

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање на агенции и директорати
300x250 opst2

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна Влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача вечерва претседателот Зоран Заев на трибината која се одржува во општина Шуто Оризари.

„Сите седум министри без ресор, коишто дадоа резултат, но немаа свој капацитет заради инфраструктура, ќе ги укинеме како министерства без ресор, но ќе создадеме агенции, директорати за да работат уште повеќе“, порача Заев.

Заев посочи дека зголемениот степен на отвореност и транспарентност не и се допаѓа на политичката партија ДУИ и затоа таа партија оди во опозиција по изборите.

„Има некои партии кои беа во владата и не им се допаѓаше таквата транспарентност, една од тие е ДУИ, е затоа таа партија ќе оди во опозиција. Затоа што немаме време да чекаме, мораме да бидеме целосно отчетни. Ќе има комплетна транспарентност за сите лични трошоци за секој министер. Еднаш на секои четири месеци ќе има отворен ден за граѓаните за да можат да дојдат и да го решат својот проблем“, заклучи Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ТОШКОВСКИ: Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“

АВМУ: Во периодот на предизборието не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик, медиумите генерално се придржуваа кон објективност и непристрасност

Филипче до Мицкоски: Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает