Утрински Весник
Свет
Img 7972

Турскиот државен совет одобри пренамена на Аја Софија во џамија

Турскиот државен совет одобри пренамена на Аја Софија во џамија
Img 7972

Државниот совет на Турција изгласа едногласно да го смени статусот на музејот Аја Софија во џамија, напиша турскиот новинар Раџип Сојлу на својот профил на Твитер, повикувајќи се на извори во турската влада.

Според него, промената во статусот на музејот ќе биде официјално објавен на 10 јули.

На 2 јули беше соопштено дека турските власти размислуваат за промена на статусот на Аја Софија. Тогаш беше наведено дека, според најновите истражувања, околу 70 проценти од турските испитаници ја одобруваат одлуката за пренамена во џамија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и Руската православна црква, се спротивставија на промената на статусот на оваа туристичка атракција. Државната Дума на Русија поднесе жалба до Големото национално собрание на Турција во врска со Аја Софија.

Црквата Света Софија е осветена на 27 декември 537 година.

Околу илјада години таа била најголемиот храм на светот, но подоцна била претворена во главна џамија за време на Отоманската империја.

Аја Софија има статус на музеј од 1935 година, а во 1985 година беше признаена како светско наследство на УНЕСКО.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години