Утрински Весник
Спорт

Клиперси отпатуваа во Орландо без Ленард

Клиперси отпатуваа во Орландо без Ленард

Крилниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард не отпатува со екипата во Орландо каде на крајот на месецов ќе се продолжи сезоната во НБА лигата.

Како што пренесува „ЕСПН“, Ленард на Флорида не отишол од семејни причини, а се очекува на Клиперси да им се придружи за неколку дена.

Ленард до прекинот на сеозната во март годинава имаше учинок од приближно 27 поени, 7 скока и 5 асистенции на меч, па тој е најзаслужниот што ЛА Клиперс се втори на Западот со скор 44-20, веднаш за градскиот ривал Лејкерс кој има 49-14.

Со дуелот меѓу овие две екипи ќе продолжи сезоната која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство