Утрински Весник
Македонија

Викендов бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ

Викендов бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Младинскиот културен центар во Скопје на 10 и 11 јули ќе организира бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ. Проекциите почнуваат од 21 часот, а бројот на места е ограничен во согласност со мерките за заштита од ковид-19.

„Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и протоколите“, порачуваат од МКЦ.

Во петок, 10 јули, на репертоарот ќе биде прикажан филмот „Куќата што ја изгради Џек“ на режисерот Ларс фон Трир. Во сабота, 11 јули, љубителите на филмот ќе можат да го проследат „Всушност, никогаш не беше тука“ на режисерот Лин Ремзи.

Од МКЦ информираат дека филмските проекции ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Информации за начинот на набавка на бесплатните билети ќе бидат објавени во текот на денов на страницата за настанот на Фејсбук.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси