Утрински Весник
Свет

Кандидатот за премиер на Канада вети дека ќе ја премести амбасадата во Ерусалим

Кандидатот за премиер на Канада вети дека ќе ја премести амбасадата во Ерусалим

Канадскиот пратеник и кандидат за премиер, Ерин О’Тул, вети дека ако биде избран, ќе ја премести амбасадата на својата земја во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

„Ерусалим е вечна престолнина на еврејскиот народ и неговото присуство таму до ден денешен го цементира ова. Кнесетот, Врховниот суд и Министерството за надворешни работи се во Западен Ерусалим“, рече О’Тул, член на Конзервативната партија на Канада, во видео објавено на Фејсбук.

„Верувам дека ни треба и поголемо присуство на теренот таму и сакам да разгледаме повеќе размени и соработки со Израел за да се здружиме исто како и со другите наши најблиски сојузници. Ние поддржуваме решение за две држави, но тоа не спречува да соработуваме повеќе со нашиот пријател и сојузник Израел. Како премиер, ќе ја спроведам нашата политика и ќе ја преместам нашата амбасада “.

I will move our embassy to Jerusalem

When I’m prime minister, I will actually stand up for Canada’s values and Canada’s allies. ?? ?? ?I will move our embassy to Jerusalem.

Posted by Erin O’Toole on Вторник, 07 јули 2020

О’Тул ја критикуваше ослабената и непостојана поддршка на премиерот Џастин Трудо за еврејската држава и го поздрави поранешниот премиер Стивен Харпер кој, како што кажа, ја направи Канада доверлив пријател на Израел.

Во февруари, канадскиот пратеник повика да се признае реалноста дека Ерусалим е главен град на Израел и да се премести канадската амбасада таму. Тој го објави видеото со порака во која се вели: „Кога ќе бидам премиер, јас вистински ќе се залагам за вредностите на Канада и на сојузниците на Канада“.

Во мај 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп го исполни предизборното ветување за пренесување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Венецуела: Обвинувања за сајбер напад од Северна Македонија

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“