Утрински Весник
Економија

Ангеловска: За 10 месеци се донесени 38 мерки и проекти за подобрување на стандардот

Ангеловска: За 10 месеци се донесени 38 мерки и проекти за подобрување на стандардот

Обезбедување преку 300 милиони евра за крупни капитални проекти како „Пречистителна станица Скопје“, „Локални патишта“, „Проект за наводнување“ и „Енергетски ефикасни студентски домови“, поврат на преку 600 милиони евра на ДДВ кон компаниите и 11 милиони кон граѓаните, мерка за покачување на платите, учество во дијанирање и спроведување на трите пакети антикризни мерки, дебирократизација на работењето, активности кон зголемување на транспарентноста, дигитализација и намалување на сивата економија, се дел од 38 проекти и мерки кои министерката за финансии Нина Ангеловска ги наброја во своето видео-обраќање за сработеното досега во Министерството за финансии.

Таа посочува дека во изминатиот период се донесени мерки со кои се подобрува стандардот на граѓаните.

„Донесовме буџет “Инвестираме во човечки капитал” – во кој вградивме – поголеми плати за здравствените работници од 5%-25% и за просветните работници за 10%, поголеми пензии за 700 денари, повеќе пари за мерки за вработување, за поддршка за покачени плати во приватниот сектор…Овозможивме 120.000 вработени во 20.000 фирми да имаат покачени плати со мерката за субвенционирање на покачување на платите – вели Ангеловска.

Во контекст на КОВИД-19 кризата, министерката за финансии посочува дека таа донела уште потурбулентен период и поголеми предизвици за неа и нејзиниот тим.

„Придонесовме во креирањето и имплементирањето на три сета економски мерки за справување со КОВИД кризата / домашни платежни картички, ваучери за туризам, ваучери за студенти за ИТ вештини, и бројни мерки за поддршка за стопанството…Ја донесовме мерката за финансиска поддршка за исплата на плати 14.500 денари по вработен – која одржа над 140.000 работни места во кризата. Како антикризна мерка – го ослободивме стопанството од аконтации од данокот на добивка и данокот на личен доход од март до јули. Овозможивме одложување на ратите на кредитите на граѓаните и помали рати за најмалку 70% кај финансиските друштва. Пуштивме 13.7 мил евра бескаматни кредитни линии преку Развојна банка кои помогнаа на над 1500 компании“, вели Ангеловска во обраќањето.

Ангеловска посочува и дека преку нови алатки е зголемена значително транспарентноста.

„Значајно ја зголемивме транспарентноста – отворивме нова алатка капитални расходи за сите да ја следат реализацијата за сите институции. Го отворивме трезорот на државата за јавноста со алатката Отворени финансии. Лансиравме и трета алатка и покажавме пример за поинаква борба со лажните вести и како нешто деструктивно може да прерасне во нешто конструктивно- со Јавен долг – и дадовме на јавноста разбирлива и точна информација за јавниот долг“, вели Ангеловска.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен