Утрински Весник
Македонија

Обвинение за извршени кражби во Скопје​

Обвинение за извршени кражби во Скопје​
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица кои како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба.

Обвинетите, скопјани на возраст од 27 и 43 години, на 2 јули 2020 година, околу 1.00 часот, со погоден алат – токмак го искршиле долниот дел од заштитниот ѕид на затворена просторија од магацин – тезга и одзеле туѓи подвижни предмети, облека, во вкупна вредност од 21.420,00 денари. Истиот ден, околу 3.00 часот го провалиле и магацинот – тезга на второ оштетената од каде, со намера противправно да ја присвојат, одзеле облека во вкупна вредност од 180.480,00 денари.

При напуштање на местото со украдената облека спакувана во најлонски ќеси, обвинетите биле фатени од надлежни полициски службеници.

Со поднесениот Обвинителен предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за едно од обвинетите лица, а за другото обвинето лице предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетите и можност за попречување на натамошната постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс

Цистерна се преврте на патот Струга – ГП Ќафасан, сообраќајот во прекин

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени